Финските власти почнаа со изградба на првичниот дел од три километри од оградата во близина на граничниот премин со Русија на југоистокот на земјата, што планираат да го завршат во јуни, пишува Блумберг.
Проектот има за цел да го подобри надзорот и безбедноста, а финските власти велат дека нема да ја покрие целата должина на границата од 1.343 километри, но планот е да се опфатат најризичните места.
Дел од проектот ќе биде и изградба на понтонски патишта од бетон за преминување на мочуриштата.
Претходно овој месец, Финска се приклучи на НАТО откако аплицираше за членство по руската инвазија на Украина.
Во исто време, официјален Хелсинки ги зголеми трошоците за одбрана и набавката на оружје и муниција.