Финска сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Финската влада сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот во Финска, објави во понеделникот тамошното министерство.

„Финската влада сака да им забрани на Русите да купуваат недвижен имот во Финска“, изјави во понеделникот министерот за одбрана на оваа нордиска земја Анти Хаканен.

„Денеска поднесуваме предлог за консултации со цел да се забрани трансакции со имот со руско потекло“, рече Хаканен на прес-конференција.

Ќе има исклучоци, додаде Хаканен и рече дека двојните државјани и Русите со постојан престој во Финска сепак ќе можат да купат недвижен имот во оваа нордиска земја.

Финска, која стана членка на НАТО во 2023 година, ги затвори копнените граници со Русија на крајот на минатата година.

Слични содржини