Финска тврди: Руски воени авиони го нарушија нашиот воздушен простор

од Берта Китинска
157 прегледи

Два руски воени авиони „МИГ-31“ го нарушија воздушниот простор на Финска, во близина на градот Порво во Финскиот залив, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.

Кристијан Вакури, шефот за комуникации на финското министерство, за Ројтерс изјави дека нарушувањето на воздушниот простор се случило утрово околу 08:40 часот, руските „МИГ“ влегле на западната страна. Според Вакури, руските авиони две минути биле во финскиот воздушен простор.

– На финска територија влегоа еден километар – рече Вакури.

Финска веќе покрена истрага за нарушување на воздушниот простор, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека преместила три „МИГ“ во енклавата Калининград.

Слични содржини