134
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека се поверојатно е дека Финска ќе влезе во НАТО пред Шведска.
Сепак, тој нагласи дека е само прашање на време кога Шведска ќе стане членка на Алијансата.
Шведска и Финска заедно поднесоа барања за членство во Организацијата на Северноатлантскиот договор минатата година, но Турција се спротивстави затоа што тврди дека двете земји се засолниште на организации кои Анкара ги смета за терористички, објави „Ројтерс“.
Земјите ги продолжија разговорите за процесот минатата недела во Брисел.