Одлуката за прием на Финска во НАТО се очекува да биде донесена во блиска иднина, изјави финската премиерка Сана Марин.
„Мислам дека одлуката за влез во НАТО ќе биде донесена наскоро во иднина“, рече Марин во интервју за јапонскиот деловен дневен весник „Никеи“ пред нејзината посета на Јапонија.
Според неа, Финска „не може да ги одржува односите со Русија како порано, поради руската воена операција во Украина“.