Финската премиерка се извини поради експлицитните фотографии од нејзиниот дом

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Финската премиерка ужива во забавата и ноќниот живот, а сега се појавија слики и видеа за кои јавноста смета дека не се соодветни за европски лидер.

Финската премиерка Сана Марин (36) изрази жалење откако на социјалните мрежи протече фотографија од две жени во топлес кои се бакнуваат во нејзиниот дом.

На фотографијата се гледаат две млади жени како ги соблекуваат кошулите, но Марин не се гледа во кадарот. Фотографијата наводно е направена во бањата на луксузната вила на премиерката од 1873 година.

„Мислам дека фотографијата не е соодветна, се извинувам поради тоа. Таква фотографија не требало да биде направена“, кажала Марин за инцидентот, пренесува финската телевизија ILE.

Финските медиуми објавија дека таа зборувала со скршен глас.

„Ги користевме сауните и градината, но не поминувавме време во куќата Кесаранта, иако беа во употреба гостинските тоалети на приземјето“, навела Марин, пренесува АП.

Снимките од Марин како се забавува со фински познати личности експлодираше на социјалните мрежи, а критичарите ја повикаа да направи тест за дрога по инцидентот, што и го направи. Резултатите беа негативни.

Слични содржини