Финската премиерка во самоизолација, се тестира за корона

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Финската премиерка Сана Марин во вторникот изјави дека се изолирала и ќе биде подложена на тестирање на коронавирус за благи симптоми на инфекцијата.

– Имам лесни респираторни симптоми. Ќе направам тест за корона и ќе работам од далечина – објави Марин во твитот.

Марин (34), која ја презеде највисоката позиција во финската политика во декември минатата година, а потоа стана најмладиот шеф на националната влада во светот, за финскиот весник „Илта-Саномат“ изјави дека нејзиното дете по летната пауза претстојувало во градинка.

Во последните неколку недели, бројот на заразени со коронавирус постепено се зголемува во Финска. Минатата недела, владата за прв пат препорача да се носат маски во јавност.

Финска, земја со 5,5 милиони жители досега има регистрирано 7.776 случаи на коронавирус, а 334 лица починале, пренесува Асошиејтед Прес.

Слични содржини