Фински пратеник покрена петиција за одземање на правото на глас на Унгарија во Советот на ЕУ

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Десничарскиот европратеник од Финска, Петри Сарвама, покрена петиција за одземање на претседавањето со Советот на ЕУ на Унгарија во согласност со член 7 од Договорот за ЕУ.

„Сега или никогаш. Машинеријата на ЕУ за одлучување едноставно е заглавена поради (унгарскиот премиер) Виктор Орбан. Единствениот начин да се успее е да му се ускрати правото на глас на Орбан во Советот. Во исто време покажуваме дека во ЕУ не е дозволена уцена“, напиша тој на платформата Икс (Твитер).

Сарвама ја нарече петицијата историска и нагласи дека против Унгарија никогаш не била покрената постапка според член 7(2) од Договорот за ЕУ.

Слични содржини