Фиорентина нема да брза со враќањето на Рибери во игра

од Vladimir Zorba

Крилото на Фиорентина, Франк Рибери, ќе биде аут од терените најмалку еден месец, откри тренерот на „виолетовите“, Џузепе Јакини.

Фото: euroherz.de

Поранешниот играч на Баерн Минхен е во амбуланта од ноември кога претрпе тешка повреда на глуждот за време на натпреварот со Лече.

Проблемот бара операција и Јакини нема да брза со враќањето на Французинот во игра.

„Неговото враќање ќе потрае малку подолго од очекуваното. Рибери за Фиорентина е она што Златан Ибрахимовиќ е за Милан. Рибери е важен за нашиот тим на и надвор од теренот. Тој нема да биде достапен уште еден месец или 40 дена. Нема да брзаме. Мора да се осигураме дека е целосно обновен“, рече Јакини на прес-конференција.

Слични содржини