Firefox 59 ветува дека ќе биде побрз и побезбеден од било кога

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Mozilla ја објави новата верзија на Firefox под број 59, која доаѓа за Windows, Mac, Linux и Android. Компанијата го дефинираше ажурирањето како најзначајна надградба за Firefox по долго време. Верзијата 59 носи побрзо полнење на страница, подобар анонимен режим на пребарување и Android Assist.

Побрзо полнење е можно, бидејќи страниците се извлекуваат од кешот на хард дискот или на серверот. Сега можете да направите пофлексибилен избор при „скриншот“ и да цртате врз нив. За да ја задржите вашата анонимност, Firefox дополнително ги ограничува информациите испратени до трети страни при пребарување. Така личните податоци, историјата на прелистување и преференциите при работа или онлајн шопинг ќе бидат малку посигурни од рацете на огласувачите.

Конечно, Android верзијата на прелистувачот овозможува интегрирање на Firefox со Android Assist. Кога ќе го притиснете и држите копчето Home на вашиот уред, пребарувачот Firefox ќе биде стартуван наместо Google Assistant.

Следната верзија на Firefox 60 е на распоред за почетокот на јуни.

Слични содржини