Telegram добива неколку големи промени

од Vladimir Zorba

Telegram имплементира ажурирање, кое носи неколку важни промени во апликацијата за пораки.

Апликацијата Telegram воведе голем број ажурирања како што се аудио и видео пораки кои може да се видат само еднаш пред да исчезнат или можност за паузирање на снимањето додека се испраќаат пораки.

Корисниците на Telegram сега можат да почнат да снимаат со допирање на иконата „преглед еднаш“ за да му овозможат на примачот да ја слуша или гледа пораката само еднаш, пишува Tech Crunch.

Оваа функција е одлична за секој кој сака да испраќа чувствителни податоци или медиумска содржина.

Покрај тоа, Telegram воведува можност за паузирање и продолжување на снимањето за гласовни и видео пораки преку истото мени.

Компанијата со седиште во Дубаи, исто така, воведува некои нови функции за премиум корисниците, како што е можноста да се скрие времето кога корисникот прочитал нечија порака.

Слични содржини