Фирма мора да отпушти 150 вработени поради недела неработен ден

од Nikola Popovski
390 прегледи

Поради измените на Законот за работен однос и недела кој беше прогласен за неработен ден многу фирми се принудени да ги отпуштаат вработените, вели Дрилон Исеини од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Според него, пример е една фирма во моментов која има вишок од 150 вработени.

-Фирмата има 600 работници, плаќа 500% поскапа струја, не може да работи во недела, имаме празници… Бараме компромис барем околу недела неработен ден, потенцира Исеини во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Со новото законско решение недела е неработен ден од 1 јануари за 92 отсто од работниците.

Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од  15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата.

Слични содржини