Фирма од Измир им продавала неисправни елеци за спасување на сириските бегалци

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Една турска компанија е фатена во обид на бегалците да им продаде неисправни елеци за спасување, направени од материјал што станува потежок кога ќе се натопи и придонесува за нивно побрзо потонување.елец

Турската полиција упаднала во работилница во Измир – пристаништен град што често пати е појдовна точка за мигрантите во надеж дека ќе дојдат до Европа – и затекнале работници како елеците  ги полнат со материјали за амбалажа место со соддржина која плута, јави Би-Би-Си.

Полицијата запленила 1.200елеци , а меѓу работниците биле и две млади Сиријки.

Сиријците често пати се собираат во Измир барајќи начин да стигнат до брод со кој би биле прошверцувани во Европа. За да заработат пари за брод тие бараат работа, храна и засолниште, каде што ќе најдат.

Мигрантите сами мора да обезбедат елелк  за патувањето по море, а правилно направените елеци  чинат до 150 долари, наведува Би-Би-Си. Лошите елек  можат да чинат и 15 долари, но тие речиси и да не плутаат.Без разлика на тоа многумина очајни мигранти и натаму ги купуваат.

Овие елеци  често пати се црни и слабо воочиливи на отворено море.

begalci-grcija-lesbos-650x396

Полицијата во Измир во четвртокот од сириските мигранти заплени околу 300 лоши елеци кои веќе ги имале купено, наведува турскиот весник „Хуриет“.

Саит Гудероглу, еден од најголемите производители на вакви елеци  во Турција, изјави дека овие лажни прслуци за спасување можат да го загрозат оној кој го носи дури и повеќе отколку воопшто да го нема.

-Таквите елеци  за спасување се направени од материјал за ранци и исполнети се со сунѓер, а бидејќи сунѓерот апсорбира вода, прслуците луѓето ги влечат надолу и можат да предизвикаат нивно давење, рече тој./МИА