Фирмино го одведе Ливерпул во финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
211 прегледи

Фудбалерите на Ливерпул  се пласираа во финалето на Светското клупско првенство кое се одржува во Катар, откако потешко од очекувањата го поразија мексиканскиот Монтереј со 2-1. Противник на „црвените“ за титулата ќе им биде бразилскиот Фламенго, а мечот се игра во сабота од 18.30 часот.

Европски првак до победата стигна благодарение на Роберто Фирмино кој ја затресе противничката мрежа во 91 минута. Претходно Кеита му донесе водство на Ливерпул во 12 минута, а две минути подоцна изедначи Фунес.

Слични содржини