Фирмино сака да си замине од Ливерпул

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Иако вчера во соопштението на Комјунити Шилд, Јирген Клоп изјави дека Боби Фирмино е срцето и душата на тимот, Бразилецот не се откажува. Тој сака да се пресели во Јувентус една година пред истекот на договорот, а причината е Светското првенство во Катар. Без разлика на заминувањето на Мане, со доаѓањето на Нуњез, заедно со Салах, Дијаз и Жота, Бразилецот тешко ќе ја добие минутажата која ја посакува.

Тој оценува дека шансите да заигра за Јувентус се многу поголеми бидејќи Алегри го гледа во улогата на Мората, како втор напаѓач или како алтернатива за Влаховиќ. Директорот на Јувентус, Аривабене беше одбиен од „црвените“, но „бјанконерите“ сметаат на желбата на играчот.

Фирмино, кој седум години е во Ливерпул, би можел да го загуби местото во „Селесао“, иако играше на последните четири големи натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство. Имено, поранешниот играч на Хофенхајм минатата сезона одигра 20 натпревари во ПЛ, убедливо најмалку од 2015 година кога пристигна во клубот.

Има 30 години, од другата година е слободен, а Јувентус е подготвен да плати дваесет милиони евра за да донесе напаѓач, но им остануваат пари за Леандро Паредес, чиј трансфер би го завршил преодниот рок.

Сепак, Ливерпул се чуди, а не се подготвени да се откажат од Бразилецот, иако англиските медиуми пишуваат дека Клоп не може да му вети поголема минутажа.

Слични содржини