Одземени се лиценците за одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.
Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.
Портпаролот на владата Душко Арсовски објасни дека само фирмата „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, во Прилеп која работела незаконски и не ги исполнила до крај критериумите за добивање лиценца.
– Правното лице фримата од Битола со подружница во Прилеп работи спротивно на законот не обезбедила функционален 24 часовен видеомониторинг и не обезбедува пакување на сушениот цвет како што е определено со закон како и извршиле несоодветно мелење и пакување на сувиот цвет при што контролата утврдила дека недостасуваат 531,91 килограм на пријавен сув цвет. Со тоа компанијата аправила кривично дело. Компанијата дополнитлено немала и доволен број на опрема и кадар што е услов за добивање лиценца – рече Арсовски.