Fisker најави EВ за помалку од 30.000 долари

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Сè уште нема достапни електрични возила на пазарот, но Fisker сака да го промени тоа со нов модел чие работно име е Project PEAR. Почетокот на продажбата е планиран за 2024 година.

Извршниот директор и основач на компанијата Fisker, Хенрик Фискер, објави слика од идниот модел и се чини дека е кросовер помеѓу SUV и хечбек форма. PEAR е кратенка за „лична електрична автомобилска револуција” на англиски јазик.

Возилото е долго околу 4,5 метри и ќе може да прими пет лица.

Од Fisker велат дека возилото ќе има интуитивни контроли, спортски карактеристики на возење и ќе биде фокусирано на новите елементи во автомобилската индустрија. Компанијата сака да го намали бројот на делови и да го поедностави дизајнот за да ги намали трошоците. Потврдено е дека почетната цена ќе биде 29.900 долари пред стимулацијата.

PEAR ќе користи нова платформа развиена од модуларна платформа првично развиена од Foxconn. Покрај овој модел, Fisker оваа платформа ќе ја користи и за уште два модели.

Fisker планира годишно производство од 250.000 примероци на PEAR, а ќе може да го зголеми во зависност од побарувачката.

Слични содржини