Фити за финансискиот пакет на ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето веднаш го врзуваат со милијардата од Тајван

од Nikola Popovski
31,4K прегледи

Не можеме да одржиме висока ценовна стабилност без дисциплинирана фискална политика. Мора новата влада да води сметка, порача денеска економистот и академик Таки Фити во изјава за медиумите.

Според него, постојат три приоритети за новата влада.

-Да се забрза економскиот раст и развој, да се продолжи со евроинтеграциите и борбата против корупцијата. Тоа се високо на агендата. Како тие ќе направат… Големо врева крена прашањето за една милијарда евра. Многумина ме прашуваа за коментар, но немам коментар бидејќи немаме никаква информација. Не е коректно и за самата влада бидејќи веднаш луѓето почнаа да го врзуваат со милијардата од Тајван. Не знаеме што е, но ќе видиме. Владата треба да продолжи со реформите. Буџетот е во тешка ситуација и мора широк фронт во борбата против сивата економија, порача Фити.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија сериозна странска инвестиција, во делот на енергетиката, во првите 100 дена од владата. Според нив, речиси завршена работа е еден финасиски пакет на соработка влада со влада во вредност од една милијарда евра.

Слични содржини