Блогерката, попозната како „Лос Фитнес“, во неодамнешната објава на Инстаграм даде неколку совети како ефикасно да ги зголемите задникот и обемот на рацете.
„Јадете колку што можете повеќе. Ви требаат јаглехидрати, протеини и многу калории. Знам дека звучи лудо, но тоа е единствениот начин да ја добиете формата што ја сакате“, тврди таа.
Сподели и уште неколку совети, но покажа и вежби за растење на задникот и обемот на рацете.
Посочи дека на телото му треба прогресивно оптоварување, што значи дека во секоја серија вежби треба да го зголемувате оптоварувањето на кое се изложени мускулите. Тоа се постигнува со зголемување на тежината, повторување на одредени вежби, серии, намалување на паузите помеѓу сериите на вежби.
Таа предлага, чучњеви, мртво кревање (Deadlift), руско мртво кревање и бугарски чучњеви.
Помеѓу вежбите треба да се одморате, не многу, туку онолку колку што ви се допаѓа телото во тој момент“, истакнува таа и додава дека најважно е да уживате во тренинзите.
„Мојот најголем совет е да го правите тренингот во кој уживате. Тоа е единствениот начин да успеете во вашата цел – мора да бидете возбудени за тренингот. Донесете паметни одлуки, обезбедете пауза помеѓу сериите – не брзајте со вашето тело.”