854
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) има нов директор, по оставката на Коста Петров.
-Како дел од прифатените кадровски предлози на владината Комисија за именување, денеска е прифатена одлуката на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да му биде предложено за в.д. директор на Фондот да го именува Фестим Халили, соопштија синоќа од Владата.
Халили е кадар на ДУИ. Тој претходно беше директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија. Краток период, Халили беше избран и за вицепремиер задолжен за европски прашања.
Петров беше на чело на Фондот околу 14 месеци.