222
Малолетник (17 години) од скопско Арачиново, пријавил дека во автобус на ЈСП во населба Сингелиќ, бил физички нападнат од свој врсник.
Имено, случајот го пријавил вчера во 23 часот, а истакнал дека околу 20.20 часот се случил нападот, информираат од МВР. Другиот малолетник се обидел да го нападне и со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.