290
МВР информира дека едно лице од Скопје било физички нападнато со тврд предмет додека извршувал работни задачи во сервис на подрачјето на Гази Баба.
Според полицијата вчера во 18.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(50) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И.(36) од с.Сингелиќ, скопско.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, велат од МВР.