Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, не пропушти да ги „закачне“ Александар Усик и Ентони Џошуа по вчерашниот меѓусебен дуел.
Како што е познато, Украинецот уште еднаш го победи Британецот, велејќи на прес-конференцијата по борбата дека ако следен противник не му е Фјури, тогаш подобро да не ги става повторно ракавиците.
„Џипси Кинг“, кој неодамна најави второ повлекување од боксот, ги сподели своите размислувања за борбата.
„Да ви кажам искрено, и двајцата беа ужасни. Ова беше можеби најлошиот натпревар за титулата во тешка категорија што некогаш сум го видел во мојот живот. Беше ужасно, навистина. Би ги уништил и двајцата во иста вечер. Извадете ја вашата чековна книшка бидејќи „Џипси Кинг“ е тука да остане засекогаш“, сподели Британецот во типичен стил на своите профили на социјалните мрежи веднаш по натпреварот.
Крајниот рок на Фјури да го потврди своето повлекување од боксот завршува на 26 август.