Фјури: И јас сум исто така жртва на расизам заради моето ромско потекло

од Nikola Popovski

Светскиот шампион во ВБЦ во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, наречен „Кралот на Ромите“ е дел од етничката група ирски патници (Irish Travellers), изјавил дека е жртва на расизам поради своето потекло.

„Јас сум белец, но дури и денес во 2020 година сум жртва на расизам затоа што сум „патник“- бел Ром“, изјавил Фјури на шоуто „Добро утро Британија“ на телевизиската мрежа „ITV“.

Причина за разговорот биле протестите во САД, кои траат со денови откако афроамериканецот Џорџ Флојд почина поради полициската бруталност за време на неговото апсење во Минеаполис.

„Дури и денес, ќе можете да го видете знакот „патниците не се дозволени“ на вратите од пабовите и рестораните. Се уште е прифатливо да се биде расист кон Ромите во Велика Британија и во светот и никој не презема никакви активности за тоа“, изјавил Фјури.

„Не се само црнците кои се жртви на расизам. Исто така, секој може да биде расист, без оглед на бојата на кожата или потеклото“.

Фјури открил дека тој и неговата сопруга Париз не смееле да влезат во ресторан во Велика Британија во 2016 година, откако тој стана светски шампион во тешка категорија совладувајќи го Владимир Кличко:

„Им реков дека сум светски шампион во тешка категорија што ја претставува оваа земја, а не само некој Ром. Ми одговорија дека тоа не е важно затоа што јас сум „патник“, а на нив не им е дозволено да влезат во ресторанот“, потенцирал Фјури.

Слични содржини