Фјури објави кога се враќа во рингот

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ серијата, Тајсон Фјури, откри кога ќе ја има следната борба.

Циганскиот крал рече дека планира да се врати во рингот на почетокот на 2022 година.

„Тој сигурно ќе ја одржи својата следна борба кон крајот на февруари или почетокот на март, давам милион проценти за тоа. Ако тоа не се случи, ќе ги отпуштам сите од промо-компанијата што ме застапува и ќе почнам да се занимавам со сопствен бизнис, ќе креирам Gipsy King Promotions. Што и да се случи, ќе се вратам во рингот кон крајот на февруари или почетокот на март. Ова е 100% загарантирано. Не ми е гајле против кого, бидејќи исходот од битката секогаш ќе биде ист: ќе го нокаутирам секој противник“, изјави Тајсон Фјури за ИФЛ ТВ.

Слични содржини