Фјури: Пијам помеѓу осум и 12 пива на ден

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Во истото интервју во кое тој објасни дека борбата со Ентони Џошуа не е ни блиску и дека Дионтеј Вајлдер може да биде неговиот следен противник, Тајсон Фјури рече уште неколку интересни работи.

– Престанав да тренирам, во моментов сум на одмор. Пијам помеѓу осум и 12 пива на ден. Јас не јадам и ги внесувам сите калории преку алкохол. И тоа е всушност тоа, јас не правам ништо. Престанав со постојаните тренинзи додека не започнат некои работи – изјави Фјури за „iFL TV“, додавајќи дека овие денови главно се занимава со физичка активност играјќи пинг-понг, пренесува „Fightsite“.

Се разбира, колку и да изгледа сериозно во времето кога ги даде овие изјави, со „Кралот на Циганите“ никогаш не може да се биде сигурно и лесно е можно тој само да си игра со медиумите и со главите на потенцијалните ривали.

– Оваа година ќе направам две борби и не ми е гајле дали ги имам за противник Џо Блогс, Фред Флинтстон, Мајк Тајсон, било кој … Јас само сакам да се борам – потенцираше Фјури.

Слични содржини