Фјури се журкаше со Стив Аоки по тешката борба со Вајлдер (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
654 прегледи

Британскиот боксер Тајсон Фјури им подари незаборавен меч на навивачите во борбата за титулата во тешка категорија против Дионтеј Вајлдер, кого го исфрли во 11 -тата рунда, но ниту тоа не го „исцеди“, па уште еднаш ги наполни медиумите – тој беше главна sвезда на забава кратко време по боксерскиот настап.

И покрај фактот дека претрпе тешки удари од Вајлдер, беше соборен двапати, Фјури најде резерви и за луда забава каде, заедно со славниот диџеј Стив Аоки, ја крена масата народ во ноќен клуб. Викаше на микрофон, пееше, скокаше…

Забавата се одржа во хотелот „МГМ“, каде Британецот спектакуларно го победи Вајлдер и ја потврди неговата репутација како најсилен во тешка категорија на денешницата.

Од каде добива сила да полуди по еден ваков исцрпувачки натпревар, само тој знае, практично отиде од рингот до сцената, и таму, носен од вибрациите на публиката и со громот на звучниците, лудуваше до доцна во ноќта.

Слични содржини