Светскиот боксерски првак во ВБЦ верзијата Тајсон Фјури објави денес дека ќе замине во пензија откако ќе ги одработи борбите против Дионтеј вајлдер и Ентони Џошуа.
„Кралот на циганите“ неодамна во седмата рунда го нокаутира Вајлдер во Лас Вегас и дојде повторно до светската титула која ја освои во 2015 кога го порази Владимир Кличко.
Следниот меч Фјури ќе го одработи на 18 јули против Вајлдер, а потоа ќе боксува против Ентони Џошуа.
„Ќе одработам уште две борби и тоа е тоа. Потоа ќе размислам што понатаму. Непоразен сум во 31 борба веќе бев апсолутен шампион откако го победив Кличко. Што се однесува до мене Џошуа само ги чува моите појаси затоа што никогаш не ги изгубив. Тоа се мои појаси и додека некој не го поразиш во ринг, како можеш да да се претвараш дека си шампион“, изјави Фјури.