176
Најдобриот бразилски и јужноамерикански фудбалски тим, Фламенго, се пласираше во финалето на Светското клупско првенство кое се игра во Доха, Катар, откако во полуфиналето го совлада азискиот првак Ал Хилал со 3:1.
Ал Хилал водеше со 1:0 по првото полувреме, но тимот од Рио де Жанеиро направи пресврт во вториот дел. Стрелци на головите за Фламенго беа Де Араскаета, Бруно Енрике и автогол на Албулаји, додека за саудискиот тим погоди Ал Давсари. Фламенго нема трофеј во ова натпреварување откако се игра по ваков формат, но има во Интерконтиненталниот куп.
Во второто полуфинале кое се игра утре, европскиот првак Ливерпул се среќава со мексикански Монтереј кој е првак на Северна и Средна Америка.