Флекенштајн: Спорот помеѓу С. Македонија и Бугарија е билатерален и не треба да биде дел од дискусиите во врска со меѓувладината конференција

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија е билатерален и не треба да биде дел од дискусиите во врска со меѓувладината конференција. Дознав дека речиси и да бил направен пробив, но тоа не било доволно за време на претходното претсетателство. Ако словенечкото претседателство продолжи во таа насока и ако имаме силен комесар кој навистина е посветен и Европскиот парламент кој секогаш бил на страната на Северна Македонија, тогаш може да се надеваме дека може да има прогрес, посочи во интервју за МИА Кнут Флекенштајн, германски политичар, поранешен член на Европскиот парламент и член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Истакна дека ЕУ, треба да размисли како да ги смени правила со цел една влада да не ги спречува останатите 26 членки и да го блокира целиот регион.

– Дваесет и шест од вкупно 27 земји членки се многу јасни. Не сте сами и не сте единствените кои се разочарани. Постои огромно разочарување и во Европскиот парламент. Од друга страна, Советот мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија, исто така, и сега редот е на ЕУ. Секогаш зборуваме дека е потребно да се спроведат реформи, да се завршат задачите, но сега ЕУ е таа која треба да ја заврши задачата. Убеден сум дека словенечкото претседателство ќе даде се од себе, изјави Флекенштајн.