Сега е официјализирано дека поранешниот селектор на Германија и тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик е нов тренер на Барселона.
Флик потпиша договор со каталонскиот гигант до јуни 2026. Тој стана само третиот германски тренер на клупата на Барселона и прв по 41 година од Удо Латек.
Човекот кој ја освои тројната круна со Баерн во 2020 година ќе го замени Чави на клупата на Барселона. Легендарниот фудбалер на Барселона минатата сезона не успеа да го освои трофејот, но го направи тоа претходната сезона кога ја врати Барса на тронот на Шпанија, првпат по четири години.
Флик пред Баерн беше тренер на Викторија Баментал и Хофенхајм, а по баварските гиганти стана селектор на Германија. Сепак, тој немаше успех со „панцирите“, откако веќе беше елиминиран во групната фаза на Светското првенство во Катар.