Флик не се предава: Не сакам да губам, но горд сум на тоа како игравме

од Vladimir Zorba
340 прегледи

За прв пат од март 2019 година, Баерн загуби натпревар во Лигата на шампионите, а беше запрен од Пари Сен Жермен по серијата од 18 победи и едно реми.

Ова е воедно и прв пораз на Ханси Флик на клупата на шампионите на Европа и Германија во елитното натпреварување, во натпревар во кој неговиот тим шутна близу 30 пати, а Кејлор Навас запиша 10 нереални одбрани.

– Имавме многу можности, но она што ме воодушеви вечерва беше фудбалот што го игравме. Не сакам да губам, но ако тоа треба да ми се случи, ова е начинот на кој сакам да ми се случи – истакна Флик.

Тренерот на Баерн не размислува да се предаде пред реваншот, иако прими три гола на домашен терен.

– Ако го погледнете нашето издание, можете да бидете оптимисти пред реваншот во Париз. Верувам дека можам да одам во полуфинале и ќе сториме сè за да се пласираме таму – заклучи Ханси Флик.

Тренерот на Баерн има повеќе проблеми во играчкиот кадар, бидејќи Леон Горецка и Николс Зуле беа заменети во првото полувреме вечерва поради повреди, што е дополнителен удар за Баварците во отсуство на Левандовски.

Слични содржини