Новиот тренер на Барселона, Ханзи Флик изјави дека очекува играчот од средниот ред Илкај Гундоган да остане во клубот оваа сезона и покрај пишувањата во шпанските медиуми дека тој ќе си замине.
33-годишниот капитен на германската репрезентација пристигна во каталонската престолнина од Манчестер Сити во 2023 година на двегодишен договор. Тој е еден од најплатените играчи во тимот, но на неговата позиција летово од РБ Лајпциг беше земен шпанскиот интернационалец Дани Олмо.
Поради повреда, Гундоган не играше во победата на Барселона над Валенсија од 2-1 во саботата во меч од првото коло во Ла Лига.
„Гундоган доби потрес на мозокот во понеделникот на тренинг и затоа е дома. Свесен сум за тоа каков играч е и каков човек е. Зборував со него многу, но она што си го кажавме е меѓу нас. Мојот однос со него е добар, го познавам долго време и имам чувство дека ќе остане“, изјави Флик по победата над Валенсија.
Следниот натпревар на Барселона е следната сабота против Атлетик Билбао.