136
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети, денеска поднесе неотповиклива оставка од својата функција. Во објава на „Фејсбук“, Беџети истакна дека изминатите 10 месеци ги посветил на работа во интерес на земјоделците и граѓаните, и дека својата должност ја извршувал со одговорност, транспарентност и гордост.
Тој упати благодарност до премиерот, министерот, владата и соработниците за поддршката, како и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив и преминува во опозиција заедно со нив.
„Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам“, напиша Беџети.