Флорентино на средба со Нејмар постариот

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Гласините за евентуалното преминување на Нејмар во Реал Мадрид продолжуваат со полна сила, откако медиумите во Бразил ги засилија уште повеќе со информациите дека таткото на играчот имал средба неодамна со претседателот на Шпанците, Флорентино Перез.

Според локалниот портал „UOL“ минатата недела Нејмар постариот разговарал со големиот шеф на „кралскиот“ клуб, за да разговараат за начинот на кој фудбалерот може да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак истиот медиум забележува дека во оваа фаза договорот нема начин како да се оствари поради огромната цена, која од ПСЖ ја поставија на Нејмар и целокупната неподготвеност на францускиот клуб да се раздели со најважната фигура.

Идејата е дека веќе има прв контакт, а се тврди дека од Реал барале и други блиски луѓе од опкружувањето на играчот. Весникот „Марка“ исто така тврди дека Реал ќе стори сé за да ја земе ѕвездата, но очигледно ќе мора да почека некое време пред тоа да се случи.

Во моментов Нејмар се опоравува од кршење на метатарсалната коска во својата татковина, откако беше опериран, а се очекува да биде на линија за последните натпревари од сезоната.

Слични содржини