Флорентино Перез ги праша децата кого треба да донесе Реал: Се изнасмеа кога го слушна одговорот

од Vladimir Zorba
687 прегледи

РЕАЛ МАДРИД во саботата ја победи Гранада со 4:0 во 35. коло од Ла Лига. Избраниците на тренерот Карло Анчелоти претходно ја обезбедија титулата шампион на Шпанија, а прославата следеше денеска на плоштадот Цибелес во Мадрид, каде играчите и стручниот штаб пристигнаа со клупскиот автобус, чие патување навивачите го следеа на социјалните мрежи.

Претседателот на клубот Флорентино Перез им се обрати на публиката и ги праша мадриѓаните кои треба да донесе Реал. Децата почнаа да скандираат „Мбапе“, на што Перез се насмеа.

За потсетување, Килијан Мбапе (25) потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти ПСЖ. „Отсекогаш сум велел дека ќе ве контактирам кога ќе дојде време, па затоа сакам да ви објавам дека ова ми е последна година во Пари Сен Жермен. Нема да го обновувам договорот и авантурата ќе заврши за неколку недели“, изјави Мбапе.

Иако не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, изјави дека заминува од Франција. Најдобро информираните светски експерти за трансфери со месеци пишуваат дека неговиот потпис за Реал Мадрид е речиси завршена работа. На крајот од оваа сезона Мбапе имаше опција да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, но тоа нема да го стори, па ќе го напушти клубот без обештетување.

Тој пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако на 19-годишна возраст. Парижаните за него платија отштета од 180 милиони евра. За седум години во Париз, тој стана еден од најдобрите играчи во светот. Шест пати со ПСЖ го освојуваше францускиот шампионат, а во тој период со Франција го освои и Светското првенство.

За парискиот клуб настапи 306 пати и постигна 255 гола, со што стана најдобар стрелец во историјата.

Слични содржини