Флорентино Перез ја правда Суперлигата преку Федерер и Надал

од Nikola Popovski
492 прегледи

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, не се откажува од одбрана на Суперлигата, па дури и го искористи тенисот за да направи паралела.

Останаа само четири клуба во одбрана на овој проект, Реал, Барселона, Јувентус и Милан, а Перез на шпанското радио изјави дека не се откажува од целата приказна.

„Ако овој проект не успее, некој сличен ќе успее“, рекол Перез, иако се откажаа шест клуба од Англија, заедно со Атлетико и Интер.

Германците веднаш ги одбија поканите, заедно со ПСЖ, па мегаломанскиот проект започна да се распаѓа.

„Тажен сум и разочаран, работиме на ова со години, гледајќи како да ги подобриме работите од економски и фудбалски аспект. Лигите се свети, но можеме да промениме нешто во игрите што се играат во средината на неделата. Лигата на шампионите е застарена и интересно е само од четвртфиналето“, изјавил Перез.

„Клубовите кои беа во Суперлигата, од кои 12, минатата година загубија 600 милиони евра. Овој формат не функционира, сакавме формат каде играме едни против други, зошто би го сториле тоа од февруари или март, кога можеме од почетокот на сезоната“, вели Перез.

„Кога парите се на врвот, тогаш тие одат надолу и секој добива удел. На врвот Федерер игра против Надал. Луѓето нема да одат да го гледаат Надал против осумдесеттиот играч во светот. Фудбалот секогаш го носеле големите клубови, тенисот го играле одличните играчи. Меси беше одличен за шпанскиот фудбал и воопшто за фудбалот. Пуштете некој да најде начин да ги „преврти“ парите, бидејќи без тоа фудбалот ќе умре“, рекол Перез.

Слични содржини