Ураганот Ијан ја погоди Флорида во средата како бура од четврта категорија, носејќи силен ветер и обилни врнежи од дожд кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ државата. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од невремето, а на едно од нив се гледа како е поплавена куќа.
На видеото кое го објави „Индипендент“, може да се види како маж плива во дневната соба, откако водата ја поплави речиси целата соба.
„Прекрасен ден за капење“, се слуша како некој вели, додека човек плива во нечиста вода, а над него се гледа лустер.
Оваа снимка е направена на Флорида по разорниот ураган.
Да потсетиме, откако ја погоди Куба, Ијан се упати кон Флорида, а повеќе од 2,5 милиони жители на американската држава, на брегот на Мексиканскиот залив, добија наредба за евакуација или предупредување.