(Видео) Флорида: Се отвори земјата проголта две куќи, дупката се шири

од desk2
79 прегледи

Дупката која се отвори во градот Land O’Lakes на Флорида првично била голема колку мал базен, но почнала да се шири, при што проголтала брод и две куќи, поради што евакуирани се останатите 11 куќи во околината.


Во петок наутро едната кужа се урнала. Дупката продолжила да се шири и го проголтала бродот што се наоѓал во дворот, а потоа се урнале речиси 80 отсто од другата кужа, вели Кевин Гатри, помошник за јавна безбедност во округот Паско.
До пладне дупката достигнала 75 метри должина и 15 метри ширина, а се заканува да уништи и трета куќа.

Шефот на пожарникарите Шон Вајтед вели дека кога го примиле повикот немало никој дома, туку еден од соседите јавил дека бродот што бил во дворот бил проголтан.
За среќа никој не е пвреден. Пожарникарите извлекле две кужиња и некои ствари од куќата пред да се урне.

„Ова се човечки животи. Се им е во таа куќа. Во куќата во која влегов затекнавме стара жена со одилка, па сакавме да се осигураме дека имаме лекови кои и се потребни„, вели заменик шерифот Џеј Марфи.

Тлото е меко и на 10 метри од понорот и дека има чувство дека и тоа се движи. Луѓето се движат со страв од тоа што ќе се случи, но велат дека тоа е мајка природа.

Поради сигурност околу дупката подигната е ограда. Кога ќе сопре уривањето дупката ќе се санира со леење бетон.

https://www.youtube.com/watch?v=9Rd1J2RA7BQ