„Флота во сенка“: Русите тајно набавија 100 танкери оваа година како одговор на санкциите

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Оваа година Русија тајно набави 100 танкери како одговор на нафтените санкции што Западот ги воведе на Москва, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори и аналитичари од бродската индустрија.

Москва, која во голема мера се потпира на суви танкери за транспорт на својата сурова нафта, се проценува дека има набавено повеќе од 100 танкери преку директни или индиректни набавки. Енергетските консултанти на „Ристад“ велат дека Русија набавила 103 танкери оваа година, делумно преку директни набавки и делумно преку прераспоредување на бродовите што ги користат Иран и Венецуела, две земји кои исто така се под санкции од Западот.

Желбата на Кремљ да го организира она што нафтената поморска индустрија го нарекува „Руска флота во сенка“ е обид да се заобиколат новите меѓународни ограничувања за руската нафта. Тие вклучуваат забрана на ЕУ за увоз на руска нафта која стапува на сила во понеделник, но и нова глобална граница на цената на рускиот гас од 60 долари за барел, што ЕУ го поддржа во петокот и е дел од пошироката иницијатива на Г7, група,та која ги обединува најмоќните светски економии.

Трговците изјавија за ФТ дека руската „флота во сенка“ ќе го намали влијанието на таквите мерки, но нема да го елиминира целосно. Санкциите на ЕУ и Г7 имаат за цел да ја отсечат Москва од глобалната флота на танкери, бидејќи на осигурителните компании како што е Лојд од Лондон им е забрането да ги осигуруваат танкерите што превезуваат руска нафта, без оглед на дестинацијата, освен ако не се продава според шемата за ограничување на цената.

Меѓутоа, Русија веќе пред извесно време изјави дека нема да продава нафта на ниту една земја која применува ограничување на цената, што значи дека би можела да одбие да продава нафта под условите поставени од Западот. Наместо тоа, таа планира да ја користи својата нова флота за снабдување со нафта на земји како Индија, Кина и Турција, кои станаа големи купувачи на руска нафта бидејќи Европа го намалува увозот.

Бродовите се стари меѓу 12 и 15 години и се очекуваше да завршат на бродоградилиштето во наредните години, изјави за ФТ Аноп Синг, шеф на лондонската бродска компанија Браемар. „Тоа се клиенти со кои ние, како некој кој долго време се занимаваме со овој бизнис, не сме запознаени. Убедени сме дека повеќето од овие бродови се купени за потребите на Русија“, додаде тој.

„Бројот на танкери што ѝ се потребни на Русија за да ја транспортира целата своја нафта е огромен“, вели Крег Кенеди, експерт за руска нафта во Дејвис центарот на Универзитетот Харвард. „Видовме голем број на продажби на неименувани купувачи во последните месеци, а во последните недели голем број од овие танкери се појавија во Русија за да го транспортираат својот прв товар сурова нафта“, додаде тој.

Да потсетиме, групата земји од Г7 и Австралија вчера соопштија дека се договориле за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел откако членките на Европската унија го надминаа отпорот на Полска и претходно постигнаа политички договор во истиот ден.

Слични содржини