Фоден: И на Европското сакам да покажам дека сум најдобар играч во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Ѕвездата на Манчестер Сити, Фил Фоден, ја изрази својата амбиција допрва да покаже на ЕП 2024 зошто беше избран за играч на годината во Премиер лигата минатата сезона. 24-годишниот фудбалер повтори дека ќе има многу позначајна улога во средниот ред, но чувствува дека дури и од левата страна почнува да се претставува подобро со секој нареден натпревар за Англија.

„Малку сум разочаран, нема да лажам. Сакам да постигнувам голови и да правам подобри работи за Англија. Досега тоа не функционираше, но важно е да го задржиме доброто расположение. Бев избран за најдобар играч во Премиер лигата и сакам да го покажам тоа овде. Мислам дека со секој изминат натпревар напредувам. Во Сити се преселив во поцентрално подрачје и головите се зголемија. Секогаш сум искрен за мојата позиција и се гледам себеси во средниот ред. Иако почнав лево за Англија, се префрлав и на други позиции. Некои од игрите едноставно се развија на таков начин што немавме многу напади. Се надевам дека нема да има повеќе такви натпревари и против Швајцарија ќе добијам повеќе од топката и нашиот прес ќе биде подобар. Мојот прв дуел на Европското беше многу тивок, но после тоа чувствувам дека мојот настап се подобрува“, изјави Фоуден.

Ѕвездата на Манчестер Сити застана и во одбрана на менаџерот Герет Саутгејт, велејќи дека критиките не треба да се насочени кон него, туку кон самите играчи.

„Играчите мора да преземат дел од вината. Мора да има лидери кои ќе се соберат и ќе најдат решение зошто работите не ни функционираат. Менаџерот може да направи само толку многу. Ве става во систем на игра и ви кажува како да притиснете. Ако не функционира така, мора да најдете начин“, додаде Фоден.

Слични содржини