Фокус: Антикорупциска нe кажува дали Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески поднеле нови анкентни листови

од desk3
86 прегледи

Во базата на Државната комисија за спречување на корупцијата повеќе не можат да се најдат анкетните листови на доскорашните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, кои беа повлечени по престанокот на нивната функција-пишува Фокус.

download

Иако овие функционери веќе се поранешни, сепак нивниот имот се уште треба да е на увид на јавноста, бидејќи и по престанокот на функцијата, имаат законска обврска да поднесат анкентен лист, за да се направи споредба со колку капитал дошле, а со колку капитал заминале од функцијата.

Од Државната комисија за спречување за корупција не одговараат на телефонските повици од „Фокус“, од каде што должат објаснување за јавноста дали поранешните функционери доставиле нови анкентни листови и доколку доставиле зошто не се објавени на сајтот на Комисијата? На службениот мобилен телефон со месеци не одговора ниту портпаролката Антонија Андонова.

Повеќе ТУКА