Фокус објавува:Во Штип и Шутка се штанцале лажни лични карти за избори, доказите предадени во МВР

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Во Штип и во скопската населба Шуто Оризари биле изработени околу 30.000 лажни лични карти, најверојатно за да се употребат на последните избори, пишува во последниот брј на неделникот „Фокус“. Редакцијата поседува 105 примероци од овие лични карти, кои се предадени во МВР, јави неделникот.

Naslovna-1050
Личните карти биле без никаква заштита која лесно би се детектирала на кој било граничен премин, но не и за време на гласањето.

Според „Фокус“, во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери. Се користеле идентитети на граѓаните кои не се во државата, а за кои се знаело дека со години не пројавиле интерес за гласање, но и граѓани што се во државата, но биле партиски војници од доверба.

Манипулациите на последните избори беа посочени и дел од аудио снимките од прислушуваните материјали што ги објавуваше СДСМ.