„Фокус“: Одговорноста за нападот ја презеде „Ослободителна војска на Груевски“

од Vladimir Zorba
79 прегледи
Веднаш по денешниот напад врз полициската станица во Гошинце, се јави со соопштение до медиумите и радикалната организација „Ослободителна војска на Груевски“ која ја презеде одговорноста за нападот, јавува „Фокус“.

ucg-620x688

– Денеска, со цел да го спасивме господинот Груевски од нападите што врз него секојдневно ги врши сељакот Заев со тоа што ќе го свртиме вниманието на јавноста на сосема друга тема, ние гордите послушници од Ослободителната војска на Груевски извршивме напад врз станица на полицијата во Гошинце, каде што најдовме неколку човечиња покриени со ќебиња од ЈНА и откако им ги врзавме рацете со она онаквото пластично како ортома кое се врзува со жица како механизам, такво едно црно, им го одзедовме оружјето и им удривме по пет шест шамари, гест за кој не се оди во затвор оти е само прекршок, а не кривично дело – пишува во коминикето потпишано од извесен тендериме.

Коминикето прочитајте го тука.