Владината служба за информации попладнево не им дозволи на фоторепортерите, меѓу кои е и фоторепортерот на „Фокус“, да ги сликаат претседателите на политичките партии како пристигнуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници, пренесува Фокус.

Според „Фокус“, на фоторепортерите од страна на владиниот протокол им е кажано дека тоа е поради „безбедносни причини“, по што фоторепортерите во знак на протест ги ставија фотоапратите на земја.