Фокусот кон вработените на прво место – Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Флекс Кредит како водечка компанија во финансиската индустрија, неодамна организираше неколку возбудливи настани за вработените кои беа поделени во неколку групи,  чија цел беше подобрување на соработката, комуникацијата и целокупниот тимски дух во компанијата.

Настанот кој беше наменет за колегите од Дирекцијата  и колегите од трговската структура од Северно – Западниот реон , се одржа во The Beetles Club Скопје, каде што вработените уживаа и се дружеа со цел градење на позитивна работна средина.  Паралелно во Струга и Дојран се организраа уште два тим билдинзи за колегите од Источниот и Јужниот реон.

Настаните опфатија активности дизајнирани да ја поттикнат тимската работа, решавање на проблеми и креативност. Од возбудливи предизвици на отворено до интерактивни групни вежби, вработените имаа низа динамични искуства кои ја истакнаа моќта на соработката и силата на единството.

,,Силно веруваме дека кохезивен и ангажиран тим е основата на успехот на нашата компанија. Овој настан овозможи вработените да се дистанцираат од секојдневните рутини и да изградат поцврсти врски со своите колеги“, кажуваат од Секторот за човечки ресурси и Регинолните Менаџери на Флекс Кредит кои дадоа се од себе, за на својот тим да му овозможат едно прекрасно искуство .

Посветеноста на Флекс Кредит цели кон поттикнување позитивна работна средина и негување на силни тимски врски, водејќи се со мислата дека ангажираните и мотивирани вработени се движечката сила на успехот како и континуирано инвестирање во иницијативи кои промовираат тимска работа, развој на вработените и просперитетна корпоративна култура.

Флекс Кредит е небанкарска финансиска компанија специјализирана за издавање на краткорочни заеми, со фокус на иновациите, квалитетот и креирање на позитивно корисничко искуство. Компанијата се етаблира како лидер во индустријата, користејќи ја експертизата на својата талентирана и амбициозна работна сила, продолжуваме со испорачување на исклучителни производи/услуги на клиентите во Република Македонија.

Слични содржини