ФЛЕКС КРЕДИТ СО ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО

од Vladimir Zorba

Флекс кредит ги подготвува младите од СОС Детско село за успешно снаоѓање на пазарот на труд и успешна иднина, водејќи се од мисијата и идејата дека секој млад човек заслужува образование и вработување. Како компанија која знае дека секоја насмевка е важна се вклучивме во проектот “Младите можат“ на СОС Детско Село со цел да им помогнеме на младинците полесно да ја најдат работата која што им е животен сон и предизвик и успешно да се вклучат во деловниот свет.

Темата на нашата работилница беше ,,Подготовка за пазар на труд и барање на работа,, со цел да им дадеме стручни совети како да направат биографија која ќе остави впечаток, што е пресудно на интервју, како да се подготват за интервју , како да се подготват претходно за интервју и како да остават добар впечаток. Исто така направивме  симулации на интервју како треба и како не треба да да однесува кандидатот. – велат од тимот за Човечки Ресурси во Флекс Кредит

Истиот тој тим се појави и во улога на предавачи со огромен ентузизјазам и задоловство им пренесе знаење, вештини и информации како и корисни совети како да ја започнат својата кариерна патека  со самодоверба и ентуазијам, а исто така и со симулирање на реално интервју им овозможи практично да видат како е на интервју и сами да донесат одлука кој кандидат ќе го изберат.

За присуството Флекс Кредит им додели и благодарници со желба и надеж дека еден ден ќе станат наши колеги, со отворени можности за соработка преку пракси и вработување.

Флекс Кредит како општествено одговорна компанија се стреми да  пружи помош на граѓаните од социјален ризик, со цел да ги надминат секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

Слични содржини