Фолк музика на Сан Ремо: Ибрахимовиќ излезе со песна од Нада Топчагиќ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
431 прегледи

Златан Ибрахимовиќ се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо со воведните тактови на песната „Јутро је“ на српската пејачка Нада Топчагиќ.

Ибрахимовиќ, инаку фудбалер на моментално второпласираниот тим на Серија А, Милан, ќе биде еден од домаќините на најголемиот италијански музички фестивал, а неговото појавување на сцената било придружено со музиката од оваа песна.

Изборот на организаторите секако не бил случаен, имајќи предвид дека Ибра претходно постави видео на кое се весели во карантин со една од најпопуларните српски народни песни.

„Не знам што да кажам. Фасцинирана сум и пресреќна. Во целата оваа тага, ова е една светла точка. Би сакала да се сретнам со него, иако своевремено го сретнав неговиот татко, но тоа е долга приказна. Горда сум на успехот на спортистите и да ни живеат уште 100 години. Ибрахимовиќ, секоја чест за изборот на песна, Надица те сака“, изјавила Топчагиќ за српските медиуми на почетокот на февруари.

Слични содржини