Грчкиот заменик министер за надворешни работи Костас Фрагојанис се состана со делегацијата на Фолксваген во врска со проектот за производство на електрични возила.
Грчката влада е силно посветена на промовирање на употребата на електрични возила како стратешки приоритет, јавува веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Во овој контекст, делегација на високо ниво од Фолксваген ги посетува Кавала и Тасос за да го истражат потенцијалот на локалната инфраструктура за производство на електрични возила.
Заменик министерот за економска дипломатија, Костас Фрагојанис и делегацијата на автомобилскиот концерн ќе ги оцени податоците од анкетата на локално ниво. Претставниците на министерството веќе презеле соодветна акција за собирање на податоци за сообраќајот и патните мрежи на други острови со слична големина.
Нагласено е дека во оваа фаза сите разговори помеѓу грчката влада и Фолксваген се прелиминарни и не се донесени решенија и временски распоред за договор.
Германскиот концерн сè уште не донел конечна одлука за фабриката во Измир, Турција.