271
Давам целосна поддршка за преговорите со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро, кажа денекса претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ.
-Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел. Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Многу очекувам меѓувладината седница да биде до крајот на годинава, рече таа.